АУДИО ИЗДАВАШТВО
|
|
|
'Жива' радио енциклопедија:
а) 'жива'= потврда на сознанието за предноста учењето со 'жив' збор-Viva vox docet;
б) енциклопедија= основно, суштинско значење, содржина, функција- општа наобразба, 'заокружена', 'прегледна' едукација;
в) аудио енциклопедија= 'аудиска' прегледност, заокруженост, општост на знаења за науките и уметноста воопшто; општопотребни и корисни знаења и информации;
г) паноптикум= видно, што се однесува на видување: завод во кој се сместени разни уметнички збирки и научни апарати, особено фигури од восок, поради очигледно поучување на посетителите со збор и оглед; паноптичен- кој се гледа, кој секаде гледа; севидност.
|
|
'Vox populi, vox Dei'
Силата, моќта на гласот на народот. Говорот на мудроста и искуството, низ векови, време и невреме; низ зраци и самраци, низ светлина и темнина.
Творечката моќ на народот, неговата креативност. Корен, традиција, идентитет. Минатото кон иднината сосе сегашнината. |
|
Кој е Дедо Громче? Еден дедо кој не бил, не е и не ќе е никој и ништо, ами секогаш бил, е, и ќе биде ем нешто ем сешто од нас, пред нас и во нас. Еден дедо кој, за разлика од другите дедовци меѓу народецот наш насушен, за разлика од мајмунот кој само што не го направил последниот еволутивен чекор до човек исправен, горд, самостоен и граѓанско- индиидуално самосвесен, се слуша, се гледа, се чита, ама и за се премислува, промислува, домислува.
|
|
|
|
|
|
|
Разговарај со мене, веднаш, на Skype...

Добивај newsletter од мене:
|