МОЈАТА БИБЛИКА

Моето капитално дело: ГЕНЕРИКА

Пред 11 години (1998) од печат излезе мојата последна поетска објава под наслов “Генерика-книга на изгревот и залезот”. Се работи за мошне обемна поема (пишувана од 1971 до 1996)- 563 поетски страници, која според многу нешта е необична и единствена во поезијата воопшто.

Ретките познавачи- критичари и теоретичари на литературата, кои имале можност да ја прочитаат, ја оценија како капитално дело не само за мене, за моето творештво, туку и за македонската и светската литература.

Ретки, затоа што станува збор за библиофилско издание во само 99 нумерирани авторски примероци, кои не се дистрибуирани низ книжарската мрежа, не се во продажба, а поголем број од нив може (се уште) да се набават исклучиво од мене. (Таков пример на „самозаштита“, од оние што немаат основни познавања за поезијата, поетиката, книжевноста, па не можат да бидат ниту „обични“ читатели, а камо ли почитувачи, љубители на книгата, не е познат кај нас и во светот. Првпат откривам дека целото библиофилско издание (сите 99 примероци), објавено од издавачот од Охрид “Macedonia Prima" со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, е всушност „замена“ за авторскиот хонорар. А досега не е продаден ниту еден примерок (10- тина се подарени).   

Тоа е дел од светот на словенската митологија, во генерички однос со нашево време, „составен“ е од три обемни циклуси: “Генерика: тело, страв и задоволство”, “Кој си ти?” и “Сеедно”.

Всушност, “Генерика” претставува своевидна одбрана на поетскиот манифест “На чекор од говорот” кој, заедно со Д. Коцевски и М. Линдро, го објавив пред 15-тина години, а предизвика бурни реакции не само од страна на книжевните „кругови“. Со неа го затворам својот поетски круг, за “никогаш нов да отворам, никогаш нов да објавам!”. (Оттогаш немам објавено ново дело како книга, ниту, пак, имам таква намера; на мојот творечки сајт „Библика“ може да се следи (буквално) создавањето на мои нови поетски и прозни „писанија и пејанија“, како и „преработка“ на досега објавени; на тој начин продолжувам, по „Генерика“, да го „реализирам“ својот став за „жива песна“, „отворена страница“, „постојано создавање“, „правење и никогаш недоправање“.)  

ВАЖНО: Нудам откуп на авторски права за печатење во комерцијална верзија. Контактирај ме за договор.

 

Разговарај со мене, веднаш, на Skype...

Разговарај со мене за моите ставови...ВЕДНАШ на Skype

Добивај newsletter од мене:

Дознај ги моите актуелни понуди за соработка, што е ново кај мене, што последно дознав, кој е мојот последен став. Еднаш месечно ќе добиваш преглед на информации, само ако Ти го сакаш тоа. Твојата email адреса е доволна за да комуницираме.

Име:
Email:
Код: