|
ПОСТОЕЊЕ
26 јули 1996 г. - 31.01.2005 г.
ПРОФИЛ
Приватен, независен медиум кој работeше на фреквенција 90.3 Мhz на територијата на град Скопје и околината. 24-часовна фреквенција - концесија, добиена на првиот Конкурс распишан од страна на Владата на Република Македонија за доделување на концесии за вршење на радиодифузна дејност.
ИСТОРИЈА
Свеченото пуштење на радио сигналот е извршено на 2 август 1996 година. Основач-г-дин Љупчо Димитровски, новинар со четиридецениско професионално радио искуство и единствен творец на Студија за радиото како медиум - студија „Аспекти на модерното радио - Радио на современата модерност“.
Во своето постоење. Радио Гром мина низ неколку значајни фази на работење - од радио станица со аматерска радио техника и скромен тим, до радио станица со професионален тим - новинари и продуценти и професионална студиска и предавателна техника која ја поседува денес. Програмската шема за овој период претрпе големи турбуленции, пред се заради креирањето на професионален пристап кон медиумот 'радио' во Р. Македонија. Програмската шема се базира врз практични и научни сознанија.
Радио Гром, со својот врвен професионализам (професионално радио-новинарство) вршеше огромно (најголемо влијание) врз креирањето на јавното мислење. Истражувањата направени од страна на независни агенции и Советот за радиодифузија на Република Македонија потврдуваат дека Радио Гром пресудно влијаеше врз градењето на ставовите на граѓанинот за сите актуелни состојби и проблеми на нашата стварност, развојот на соживотот и граѓанското општество, но и врз напредокот на радиото како медиум во Република Македонија (влијанието на Радио Гром врз одредени медиуми на уредувачки план, во креирањето на програмската шема, е видливо, па дури и безобѕирно (безобразно) се позајмуваат идеи, слогани, наслови итн., се користат за маркетиншките-рекламни кампањи).
Гром радио во македонскиот радиодифузен простор се изделуваше, се препознаваше како (нај)едукативно-забавно, (нај)информативно радио, со специфичен дизајн и радиофонско обликување (вокални личности, спот-пораки, маркери и сл.). Ваквата програмска концепција упатува и на доминантната целна група на слушателски аудиториум: „возрасна“ (зрела), активна-дејствувачка, бизнис генерација“.
Во изминатите години на своето постоење Радио Гром соработуваше со голем број на владини и невладини институции, преку реализација на програмска содржина од разновиден карактер. Беше воспоставена активна соработка со Советот за радиодифузија при дефинирање на законската регулатива за радиодифузија, но и во делот на продукција на програми од јавен интерес (во соработка со надворешни соработници продуцирани се следните проекти од јавен интерес: Лирско ехо (прв и втор циклус), Јазикот е мојата татковина, Напластени векови....
Радио Гром, преку својот Управител и застапник Љупчо Димитровски, активно учествуваше во владините процедури за донесување и изменување на законските акти поврзани со радиодифузната дејност. За да се запознаете со изнесените ставови кликнете тука.
Организациска поставеност на Радио Гром
Екипираност - видови на кадри:
- генерален менаџер
- програмски менаџер
- технички менџер
- водител-медијатор
- водител-автор на емисија или рубрика
- репортер-известувач
- придуцент-реализатор
- аудио маркетер
- истражувач на јавното мислење
- технички секретар и организатор
Редакции
- информативна редакција
- редакција за забавно-едукативна програма
- редакција за мултикултура и радио творештво
- редакција за забавно-контактна програма
- редакција за комерцијална програма
Реализацијата на програмата на Радио Гром е всушност реализација на програмски проекти. Врз база на таа определеба е воведен проектен пристап користејќи ги теоретските и практичните познавање од проектниот менаџмент, за што поседува дипломирани кадри. |