ЗОШТО ?

Поради Тебе. Драго ми е што си тука. Имам големо задоволство што ќе ме запознаеш.

Моите 37 години професионално работно искуство се тука. Ако бројката и делото ги исполнуваат Твоите критериуми, тогаш го имаме првиот успешен чекор - комуникација. Моето знаење може да биде и твое ако тоа Ти го посакаш.

Во сите изминати години (откако почнав со новинарско- творечка дејност) соработував со многумина. Бројката е само приказ, делото е она што останува кај сите:  Урнебес, Паноптикум, Гром, Интернет... Непрестано учење на ново и ново. 

Ако ме познаваш, а не сме се виделе одамна, веднаш контактирај ме. Сакам да се видиме. Придонеси со овој мој сајт заедно да останеме запишани во минливоста на вистински начин (историјата?; кознае; а зошто?).

Ако мислиш дека можеби има нешто од мене корисно за Тебе, искористи го. Контактирај ме за состанок и кажи што сакаш, па ќе си кажеме што сакаме (заедно) и ќе направиме производ за други.

 
ПАНОПТИКУМ

„Паноптикум“ беше моја авторска забавно- едукативно- контактна  радио емисија реализирана во живо, во претпладневен термин во траење од два часа. Се реализираше на Втората програма на Македонското радио еднаш неделно (1992-1994), а по добивањето на наградата за најуспешен новинарски труд во 1994. од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) два пати неделно (вторник и четврток) од 10,00 до 12,00.

Станува збор за култ програма која и ден- денес претставува единствен и ненадминат пример, не само во македонскиот радиодифузен простор, за радио емиси и програми од тој тип: едновремено забава (хумор и сатира), едукација („жива радио енциклопедија“- куси енциклопедиски одредници од најразлични области), отвореност- контактност (радио- квиз) и разработка на актуелна тема со пошироко, па и универзално значење (заедно со слушателите). Музичката содржина беше исто така дел од ваквата концепција (информација- музички актуелности, едукација- музички портрети, тематски или авторски избор- на пејач или композитор).

За „Паноптикум“ е врзан и еден мој радиски рекорд ненадминат до ден- денес:  200-тата емсија ја реализирав како водителско- авторски радио маратон во непрекинато траење од 25 часа.

Од 1996. година концепциите на „Паноптикум“, „Радиои урнебес“ и ноќната програма „Медијатор“ (рубрики), заедно со поголем број реализирани проекти од јавен интерес (продолжени како емисии во живо), станаа дел од неделната 24- часовна програмска шема на „Евергрин Гром радио“, единствено приватно радио во Република Македонија (мое) од информативно- едукативно- забавно- контактен тип (згаснато во 2006.).

Од 2006. година „Паноптикум“ се реализира како веб сајт на Интернет (http://www.panoptikum.com.mk/).

Забавно- едукативно- контактна емисија и програма според содржината и начинот на реализација е суштествен дел од радиото на современата модерност, дефинирано во мојата студија „Аспекти на модерното радио- Радио на современата модерност“.  

 
ПРОГРАМСКА ШЕМА ЗА ТВОЕТО РАДИО

Следејќи го активно и непосредно развојот на електронските медиуми во Македонија во последниве 15- тина години (со сопствен радио проект- „Гром радио“), можам да го аргументирам ставот дека во моментов постои голема потреба од професионален пристап во замислата и конкретната реализација на програмскиот концепт на секој медиум, а особено радиото.

Она што и „Твоето“ радио (колку е навистина твое е мошне интересна тема за расправа) можеби сеуште го прави не „отвора“ терен за вистински и динамичен развој. Пушташ музика и имаш двајца водители за да ја измешаат со по некоја информација од веб или информативна агенција? Се радувам ако не е едно од таквите.

Какво и да е, мислам дека воопшто не е нескромно (знаат сите што ме познаваат) кога велам дека имам знаење да подготвам целосна,конкретна, детална програмска шема за типот на радиото кој Ти го посакуваш.

Што е тоа програмска шема? Можам и да Ти помогнам да научиш, доколку сметаш дека навистина ти е потребно тоа знаење. Но, ти стојам на располагање не само за да не си ги комплицираш животот и работата- бизнисот, туку да бидеш сигурен, па и спокоен дека ќе добиеш вреден производ препуштајќи ни ги концепирањето и реализацијата на програмската шема мене и на твојот тим. Како ќе го направиме тоа? Контактирај ме, па ќе Ти одговорам на сите прашања.

Искористи го моето знаење за тебе, за твојот медиум, за твојата иднина. (На мојот сајт „Библика“ во континуитет ја објавувам студијата за современото- модерното радио „Радио на современата модерност“, единствена во Република Македонија и пошироко.)

 

 
Моето капитално дело: ГЕНЕРИКА

Пред 11 години (1998) од печат излезе мојата последна поетска објава под наслов “Генерика-книга на изгревот и залезот”. Се работи за мошне обемна поема (пишувана од 1971 до 1996)- 563 поетски страници, која според многу нешта е необична и единствена во поезијата воопшто.

Ретките познавачи- критичари и теоретичари на литературата, кои имале можност да ја прочитаат, ја оценија како капитално дело не само за мене, за моето творештво, туку и за македонската и светската литература.

Ретки, затоа што станува збор за библиофилско издание во само 99 нумерирани авторски примероци, кои не се дистрибуирани низ книжарската мрежа, не се во продажба, а поголем број од нив може (се уште) да се набават исклучиво од мене. (Таков пример на „самозаштита“, од оние што немаат основни познавања за поезијата, поетиката, книжевноста, па не можат да бидат ниту „обични“ читатели, а камо ли почитувачи, љубители на книгата, не е познат кај нас и во светот. Првпат откривам дека целото библиофилско издание (сите 99 примероци), објавено од издавачот од Охрид “Macedonia Prima" со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, е всушност „замена“ за авторскиот хонорар. А досега не е продаден ниту еден примерок (10- тина се подарени).   

Тоа е дел од светот на словенската митологија, во генерички однос со нашево време, „составен“ е од три обемни циклуси: “Генерика: тело, страв и задоволство”, “Кој си ти?” и “Сеедно”.

Всушност, “Генерика” претставува своевидна одбрана на поетскиот манифест “На чекор од говорот” кој, заедно со Д. Коцевски и М. Линдро, го објавив пред 15-тина години, а предизвика бурни реакции не само од страна на книжевните „кругови“. Со неа го затворам својот поетски круг, за “никогаш нов да отворам, никогаш нов да објавам!”. (Оттогаш немам објавено ново дело како книга, ниту, пак, имам таква намера; на мојот творечки сајт „Библика“ може да се следи (буквално) создавањето на мои нови поетски и прозни „писанија и пејанија“, како и „преработка“ на досега објавени; на тој начин продолжувам, по „Генерика“, да го „реализирам“ својот став за „жива песна“, „отворена страница“, „постојано создавање“, „правење и никогаш недоправање“.)  

ВАЖНО: Нудам откуп на авторски права за печатење во комерцијална верзија. Контактирај ме за договор.

 

Разговарај со мене, веднаш, на Skype...

Разговарај со мене за моите ставови...ВЕДНАШ на Skype

Што можеш да добиеш од овој сајт?

Добредојде. Чест ми е што си на овој мој за Тебе веројатно необичен, изненадувачки сајт.

Сега имаш можност да се запознаеш со мене, со моето минато, искуство, професионалност... Верувам дека во некоја од моите начини на дејствување досега препозаваш потреба да ме контактираш за соработка. Драго ќе ми биде ако сакаш и само да се запознаеш со мене.

Важно за професионална соработка: контактот и разговорот е бесплатен, но моите идеи вредат онолку колку што ти се потребни.

Очекувам да соработуваме и Ти, заедно со многумина други, да бидеш референцата на овој мој сајт и на моето професионално портфолио.

Потребен е глас?


Го поседувам она што го посакуваат врвните светски радија- „од глас до стас“. Ако не си слушнал, ако не си разбрал, провери, јави се. Знам како да го искористам во секоја пригода. Докажано, слушнато, признаено, незаборав(е)но, посакувано од секој слушател во Македонија.

Сега и на твоето радио. Контактирај ме за договор.

Добивај newsletter од мене:

Дознај ги моите актуелни понуди за соработка, што е ново кај мене, што последно дознав, кој е мојот последен став. Еднаш месечно ќе добиваш преглед на информации, само ако Ти го сакаш тоа. Твојата email адреса е доволна за да комуницираме.

Име:
Email:
Код: